Влезница за „Вино на штикли 2026“

1.200 ден

Влезница за „Вино на штикли 2026“ – осмо издание на елегантниот винско-музичко-моден настан со дегустација на над 250 вина, музика, мода и специјален акустичен настап во живо на Бернарда Бобовечки од Хрватска.

Датум: 9 јули 2026

Време: 19:00 – 00:00 часот

Локација: Ragusa 360 Rooftop, Скопје

Напомена: Бројот на влезници е ограничен.

Влезницата вклучува
20+ винарии
македонски и странски винарии
250+ вина
дегустација во текот на вечерта
Жестоки пијалаци
посебен избор за гостите
Музика во живо
Бернарда Бобовечки - Live & Acoustic
Вкусни деликатеси
солени и слатки залчиња
Модни награди
изненадувања за најстилските гости

Опис

Влезница за „Вино на штикли 2026“ – вечер на гламур, вино, музика и незаборавна атмосфера.

Осмото издание на „Вино на штикли“ ќе се одржи на 9 јули 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во елегантниот амбиент на Ragusa 360 Rooftop во Скопје.

„Вино на штикли“ продолжува да ја гради својата препознатлива приказна како настан што ги обединува винската култура, женската елеганција, модата, музиката, гастрономијата и убавото дружење. Гостите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на над 200 вина од македонски и странски винарии, внимателно осмислена атмосфера и програма создадена за вистинско винско доживување.

Овогодинешното осмо издание ќе биде збогатено со акустичен настап во живо на Бернарда Бобовечки од Хрватска – млада вокална сензација и еден од најавтентичните гласови на регионалната музичка сцена. Препознатлива по својот моќен и емотивен вокал, Бернарда е кантавторка, пејачка и гитаристка со автентичен израз и впечатлива сценска енергија. Нејзината изведба ќе донесе незаборавни музички рефрени, силни емоции и интимна акустична атмосфера, совршено вклопена во елегантниот амбиент на „Вино на штикли 2026“.

Категории на влезници:

Early Bird – 1.000 денари
Промотивна цена достапна само за првите 50 купувачи.

Редовна – 1.200 денари
Редовната влезница ќе биде достапна по завршување на промотивната продажба.

Бројот на влезници е ограничен. Вкупно се достапни 500 влезници. Затоа обезбедете го вашето место навреме преку online купување.

По успешна нарачка, електронската влезница ќе биде испратена на вашата е-пошта. Секоја влезница ќе содржи уникатен QR код и важи за едно лице. QR кодот може да се искористи само еднаш при влез на настанот.

Запомнете, со виното е исто како со страста: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.

Се гледаме на „Вино на штикли 2026“!