Услови за користење

Со користење на веб-страницата vinonastikli.com и со купување електронска влезница за „Вино на штикли 2026“, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и прифатил овие услови за користење.

1. Предмет на продажба

Преку оваа веб-страница се врши продажба на електронски влезници за настанот „Вино на штикли 2026“, кој ќе се одржи на 9 јули 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Ragusa 360 Rooftop, Скопје.

2. Видови влезници

Достапни се следните категории на влезници:

  • Промотивна влезница – 1.000 денари, достапна за првите 50 купувачи.
  • Редовна влезница – 1.200 денари.
  • VIP / Club влезница – достапна со посебен промотивен код.

Бројот на влезници е ограничен.

3. Електронска влезница

По успешна нарачка и потврдено плаќање, купувачот добива електронска влезница на е-поштата внесена при купувањето.

Секоја електронска влезница содржи уникатен QR код и важи за едно лице. QR кодот може да се искористи само еднаш при влез на настанот.

Купувачот е должен да ја зачува електронската влезница и да ја прикаже при влез, во електронска или печатена форма.

4. Точност на податоците

Купувачот е одговорен за точноста на податоците внесени при нарачката, особено името, презимето, телефонскиот број и е-поштата.

Организаторот не сноси одговорност доколку влезницата не биде доставена поради погрешно внесена е-пошта.

5. Плаќање

Плаќањето се врши преку платежна картичка преку безбеден систем за електронска наплата.

Нарачката се смета за успешна откако плаќањето ќе биде потврдено.

6. Влез на настанот

Организаторот го задржува правото да одбие влез доколку QR кодот е веќе искористен, неважечки или не може да се верификува.

Една влезница важи исклучиво за едно лице.

7. Измени на настанот

Организаторот го задржува правото на измени во програмата, распоредот, учесниците или организациските детали на настанот, доколку за тоа постојат оправдани причини.

8. Контакт

За прашања поврзани со купување, влезници или техничка поддршка, можете да нè контактирате на:

vinonashtikli@gmail.com